Заштитете го вашиот уред од пренапони и струјни удари преку мрежа

За жал, несаканите случки обично доаѓаат ненадејно и брзо. Така е и со флуктуацијата на напојувањето при бури и молњи и ненадеен пренапонски бран многу поголем од 230V. Без заштита од молња и од пренапонски бранови, големи се шансите Вашата опрема да има проблеми со компонентите, значително намален животен век, изгорена жичана инсталација, загуба на податоци или уште полошо, трајно оштетување.

Значи, наместо да ја оставате опремата ранлива на елементи надвор од ваша контрола, преземете мерки и заштитете ја. Постојат заштити за повеќе типови на поврзувања на дата линија и заштита од пренапони за разни опции за конектори, вклучително RP-SMA, RP-TNC, Type N, RJ45 приклучоци.

Ние Ви нудиме заштита на опрема од нашата област и тоа: комуникациски уреди, LAN Мрежи и уреди поврзани преку истите, принтери, МФУ, информативни дисплеи, компјутери и сл.

Сакаме да Ви напоменеме дека не се работи за уреди кои ќе Ве штитат од неовластен пристап до Вашата мрежа и преку неа до Вашите податоци на било кој уред (firewall, antivirus и сл.) туку, за заштита од оштетувања на Вашата мрежа и уредите конектирани на истата од пренапони и струјни удари предизвикани од бури и молњи (SPD surge protection device).

 

Sharp Corona virus test certificate
Кошничка
Омилени
Штотуку прегледани
Категории