К О Д Е К С

На однесување и постапки на Техничките лица при одржување на уреди кај Коминтентите

 

При секоја посета на коминтент кој ги користи услугите за одржување на копир апарати, принтери, факсови или МФУ (мултифункциски уреди) од КОНИ КОПИ техничкиот персонал е обврзан да постапува согласно следното:

  1. Кога ќе се појави во просториите на Коминтентот и по испочитување на основните правила на Бонтон, должен е да го побара лицето задолжено за опремата/уредот.
  2. Должен е да праша и да ги исслуша сите забелешки што ги има операторот.
  3. Должен е да ја истестира опремата/уредот за сите забелешки и копиите да ги тргне на страна.
  4. Врз основ на тестот и откако ќе се воспостави правилна дијагностика на уредот а пред да превземе било какви дејствија на отклонување или замена на било што, должен е истото да му го објасни на операторот и да побара согласност и одобрение од овластено лице на коминтентот (доколку тоа не е операторот) за да ја изврши планираната работа.
  5. Должен е на коминтентот да му соопшти колку одприлика ќе изнесува извршувањето на услучата, без оглед дали коминтентот тоа го побарал или не, и да побара одобрување за да се изврши работата.
  6. Ја завршува работата и го чисти апаратот од нанесени нечистотии при интервенцијата.
  7. Повторно го тестира апаратот на првичните забелешки и ги чува копиите.
  8. Му ја предочува новата ситуација на операторот.
  9. Му ги остава старите делови и репро материјали доколку имало некои замени.
  10. Пополнува работен налог / испратница, во кој ги запишува сите потрошени делови и материјали како и опис на услугата и потребното време за извршување и транспортните трошоци доколку ги има.
  11. Му објаснува на овластеното лице/операторот и бара потпис со цело Име и Презиме, по што му остава еден примерок.
  12. Ја пополнува Техничката Книшка (Доколку нема ќе се погрижи да отвори).
  13. Се заблагодарува, ги испочитува основните правила на Бонтон и си заминува.

*Напомена

Им се забранува на Техничарите да коментираат интервенции кои поради било која причина биле извршени од лица од Конкурентските Компании.

Ги молиме компаниите за коментар на извршената работа без оглед колку и дали се задоволни од истата и се заблагодаруваме за издвоеното време, info@koni-copy.com.mk

Н О Р М А Т И В

За сервис и одржување на Копир Апарати, Принтери и МФУ

Ред. бр. Услуга (опис) Един. мерка Количина
1. Комплет чистење (до 35 k/min) р.ч. 1
2. Комплет чистење (35-70 k/min) р.ч. 1.5
3. Комплет чистење колор р.ч. 2
4. Чистење само оптика р.ч. 0.5
5. Промена на ОПЦ/Брисач р.ч. 1
6. Промена на ОПЦ/Брисач/Девелопер р.ч. 1.5
7. Промена на брисач р.ч. 0.7
8. Промена на корона р.ч. 0.7
9. Промена на Горен ваљак во печка р.ч. 1
10. Промена на Долен ваљак во печка р.ч. 1
11. Промена на сет за печка р.ч. 1.5
12. Промена на влечни ролери (гумички за касета) р.ч. 0.3
13. Промена на ОПЦ единица р.ч. 1
14. Промена на ОПЦ единица на колор (една со девелопер) р.ч. 1
15. Промена на ОПЦ единица (3 или 4 со девелопер) р.ч. 2
16. Промена на Мотор (Девелопер/Транспорт/Дуплекс…) р.ч. 1.5
17. Промена на сензор за хартија (внатре) р.ч. 1.5
18. Промена на сензор за хартија (однадвор) р.ч. 1
19. Инсталација/Преинсталација – конектирање на PC или мрежа р.ч. 2
20. Отстранување на други ненаведени дефекти р.ч. По договор
21. Транспорт и сервис на апаратот р.ч. По договор
  1. Цената на еден работен час во Скопје е 1500,00 ден. а надвор од Скопје е 1800,00 ден. без вкалкулиран ДДВ од 18%.
  2. Цената е само за услугата т.е. во цената не се пресметани деловите.
  3. Транспортот до местото на услугата не е вкалкулиран. Зависи од начинот на извршување на услугата т.е. дали услугата е на повик само за одреден клиент и во тој случај клиентот сам го сноси трошокот за транспорт кој од друга страна е исти без обзир дали се работи за еден или повеќе апарати. Доколку пак сервисерот се одвива превентивно или при редовно сервисирање, тогаш транспортните трошкови се делат подеднакво на повеќе коминтенти.
  4. Начинот на плаќање се договара однапред или при склучување на договор.
  5. Рекламации на извршените услуги се примаат во рок од 8 (осум) дена по извршувањето на услугата.
  6. Техничарот кој го одржува апаратот е должен да отвори Технички картон за истиот (доколку претходно го нема), задолжително да го пополнува и за сите превземени мерки да се консултира со операторот или одговорното лице во Компанијата во која се извршува услугата.
Кошничка
Омилени
Штотуку прегледани
Категории